Маж дал крв за анализа и се фрапирал кога го известиле дека е бремен

Грк од Крит дал на анализа примерот од својата крв во болница во Хараклион, а останал шокиран кога лекарот го повикал и му соопштил дека е бремен.
Мажот случајот го споделил со локалниот сајт „Неа Крити“.
Како што рекол, кардиологот му наредил да направи резултати на крв. Кога биле готови, лекарот го повикал во ординацијата, ги прочитал резутатите и му соопштил дека е бремен, а дека наодите на крвта се многу добри.


-Отидов да ги проверам своите крвни зрнца и дознав дека сум во бремена состојба. Како е тоа можно, се прашува тој.
Набргу се испоставило дека станува збор за грешка, односно дека се измешале имињата на неговите наоди со една трудница. Болницата тврди дека пациентот погрешно ги толкувал резултатите, кои за него се наоѓаат во прват колона, додека во втората колона се нормални нивоа за мажи, жени и трудници.
Локалниот печат поради овој случај повикува на поголема одговорност на медицинските работници кога станува збор за примероци и резултати од здравствени тестови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.