Маж од Демир Капија пријавил дека жена му го тепала

36-годишна жителка на Демир Капија вчера е уапсена откако нејзиниот сопруг ја пријавил во полиција дека физички го нападнала, соопшти МВР.

„Полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: