Маж од светиниколско село следел и демнеел сосетка, иако имало активна мерка за вознемирување и приближување.
„На 04.09.2025 во 16:40 часот во светиниколско село, полициски службеници го лишиле од слобода А.Н.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во повеќе наврати следел и вознемирувал 41-годишна жена од истото село и покрај тоа што имало активна мерка за проближување и вознемирување, односно поради сомнение дека сторил кривично дело по член 377 став 5 од Кривичниот законик – „неизвршување на судска одлука“.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“



