Македонец уапсен во Хрватска: Нападнал 71 годишник, го затворил во стан и му се заканил дека ќе го убие

Хрватската полиција поднесе кривична истрага против 34-годишен државјанин на Македонија, осомничен за закана и незаконско притворање на 71-годишен маж. Осомничениот е приведен по инцидентот во Бује, пренесуваат медиумите повикувајќи се на соооштение од полицијата.

Еден маж е осомничен дека физички нападнал 71-годишен маж во стан на улица „Први Мај“ во Бује, Хрватска во вторник, 16 април. Освен што го нападнал, му се заканил дека ќе го убие и не му дозволил да го напушти станот. Постариот маж се здобил со полесни повреди во нападот.

Полицијата го уапсила 34-годишникот кратко време по инцидентот. Тој бил однесен во притворската единица на Полициската управа на Истра вечерта на 17 април, со кривична пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: