Овој викенд, Северна Македонија има чест да биде домаќин на собирот на Постојниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО. На овој настан, присутни ќе бидат претставници од различни национални парламентарни делегации, вклучувајќи го и шефот на македонската делегација,Dраган Ковачки, и неговиот заменик, Антонијо Милошоски. Планирано е и обраќање од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Северна Македонија годинава означува двојно значајна годишнина – 76 години од основањето на НАТО и пет години членство на земјата во Алијансата. НАТО стои како столб на безбедноста во Европа и Северна Америка, како што беше потенцирано во недавната објава на официјалниот фејсбук-профил на Парламентарното собрание на НАТО.