Македонија до 43 степени, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

  Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изнесе препораки за граѓаните, а Владата донесе Одлука со која ги обврза работодавачите од 23.07 до 26.07 да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.
Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита: престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.

Пронајдете не на следниве мрежи: