Меѓународната платформа „Глобал фајерпауер“ (GFP) го објави својот годишен ранг на воена моќ за 2026 година, анализирајќи ги воените капацитети на 145 земји од целиот свет.
Рангирањето се базира на над 60 различни фактори, вклучувајќи го бројот на воени сили, копнено, воздухопловно и поморско вооружување, одбранбен буџет, логистички капацитети, финансиска состојба и географска положба на секоја земја.
Според GFP, Северна Македонија е рангирана на 114-то место по моќ (индексот на воена моќ се смета за 2,4956).
Од земјите во регионот, Албанија е на 77-мо место, Грција на 30-то место, Бугарија на 62-ро место, Србија на 63-то место, Хрватска на 73-то место, Косово на 138-мо место, Црна Гора на 128-мо место.
The post Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила appeared first on Во Центар.



