Македонија застана зад потегот на САД

Македонија застана зад САД оправдувајќи ги воздушните напади врз Иран. Ставот го изнесе шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски кој во објава на платформата Икс напиша:
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, вели Муцунски.
Инаку, според последните информации од Министерството за надворешни работи, досга евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани. Воздушниот простор таму останува затворен најмалку до понеделник.
– По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено,велат од МНР

Пронајдете не на следниве мрежи: