Македонија и Литванија со чекор поблиску до нов договор за полициска соработка

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна средба со амбасадорката на Канцеларијата на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене, при што беше потврдена силната заложба за продлабочување на билатералната соработка.
На средбата се разговараше за иницијативата за потпишување на договор за полициска соработка меѓу двете земји. Со новиот договор, се очекува унапредување на оперативната соработка, размена на информации, обука на полициски кадри, како и заеднички активности во борбата против организираниот криминал.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека договорот ќе придонесе за усогласување со стандардите на Европската Унија во областа на безбедноста и меѓународната заштита. И двете страни ја истакнаа својата подготвеност за конкретни чекори кои ќе ја зајакнат меѓусебната доверба и партнерство.
The post Македонија и Литванија со чекор поблиску до нов договор за полициска соработка appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: