Македонија пред ново задолжување, пратениците дадоа амин за заемот од 260 милиони евра

Македонија пред ново задолжување. Пратениците во Собранието дадоа амин за заем од 260 милиони евра што треба да ги земе Владата за буџетски потреби. За него гласаа 65 пратеници, а 14 беа против.
Заемот наиде на остри критики од опозицијата според која новото задолжување е доказа за фискалната исцрпеност на буџетот кој се потешко ја одржува својата ликвидност. Причина за тоа, според опозицијата, се лошите економски политики на Владата. Опозициските пратеници реагираа и на отсуството на министерката за финансии кога во Собранието се расправа за вака значајни прашања за државата.
– Ако економијата е толку силна, ние сме трета најдобра економија во Европа, зошто се задолжувате? Со овој кредит од 260 милиони евра ќе ја поминеме границата од вкупен долг од преку 11 милијарди евра. За две години се задолживте 2,5 милијарди евра, рече пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.
Власта го бранеше новиот заем, а заменик-министерот за финансии појасни дека парите од заемот ќе бидат користени за финансирање на капитални инфраструктурни проекти и за враќање на стари долгови меѓу кои и еврообврзницата од 700 милиони евра земена во 2020 година.
– Половината предвреме ја вративме, бидејќи толку ни беше дозволено од имателите на обврзницата, а остатокот ќе биде во јуни 2026 година, без нови дополнителни задолжувања. Овие средства имаат за цел да обезбедат континуирана ликвидност на буџетот, поддршка на планираните јавни инфраструктурни проекти и уредно сервисирање на постојниот долг на државата, рече зАаменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

The post Македонија пред ново задолжување, пратениците дадоа амин за заемот од 260 милиони евра appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: