Македонија ќе учествува на следното издание на Евровизија 2027, потврди директорот на Македонската радиотелевизија, Зоран Ристоски. На јавната седница на Програмскиот совет на МРТВ, на која присуствуваа претставници на професионални здруженија, медиумски организации и надлежни институции, Ристоски објави дека имал средби со претставници на Европската радиодифузна унија и дека со сигурност може да се каже дека Македонија ќе испрати претставници на европскиот музички фестивал во 2027 година.
Тој нагласи дека МРТВ ја има поддршката од ЕБУ за промоција на културните вредности на Македонија и очекува јавниот радиодифузен сервис да има корист од поповолен пакет за враќање на Евровизија.
Македонија последен пат учествуваше на Евровизија 2022, кога Андреа Коевска ја претставуваше земјата со песната „Circles“, избрана преку националниот избор за Евросонг.
Најдобриот резултат за Македонија го постигна Тамара Тодевска со песната „Proud“ во 2019 година, кога се рангираше на седмото место.
The post Македонија се враќа на Евровизија по пет години appeared first on Во Центар.



