Испораката на стоки доцни, растат и цените – додека се чека грчките земјоделци да седнат на маса со Мицотакис за да најдат решение за блокадите, македонската економија трпи штети.
Македонското стопанство директно погодено од честите блокади на грчката граница. Штетите се бројат во милиони. Преминот „Богородица“ само накратко беше отворен, но грчките земјоделци повторно ги поставија за сега е пуштен за сите возила, но до кога не се знае.
На „Меџитлија-Ники“ пак, останува забраната за товарни возила која според најавите ќе трае до утре. Патничкиот сообраќај таму се одвива без застој, велат цариниците, кои се во постојана контрола со грчките колеги.
Како резултат на блокадите, бројни шлепери и камиони повторно беа принудени да чекаат на границата.
Превозниците се надеваат дека проблемот ќе се реши што побрзо, бидејќи последиците ги чувствуваат и граѓаните и стопанството.
Олеснување засега претставува граничниот премин Дојран, каде што сообраќајот се одвива непречено и без блокади.
Блокади за товарни возила има и на премините кон Бугарија и Албанија.



