Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека поради промената на органолептичките својства и откриеното присуство на ларви и инсекти, Инспекторот за храна оваа недела забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение за нивно безопасно отстранување.
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), станува збор за 22.340 килограми киви, увезени од Република Србија, за кои, по органолептичката контрола од страна на инспекторот за храна, е утврдено дека се небезбедни за увоз и понатамошна преработка.
„На увозникот му е издадено решение со кое се наредува безопасно отстранување на спорната количина киви, откако од негова страна е известен дека пратката не може да се врати во земјата извозник“, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.
The post Македонија уништи 22,3 тони киви од Србија, не се безбедни јадење appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



