Актуелниот бранител на куп-трофејот Македонија ЃП го ангажираше младиот српски центарфор Вукашин Јовковиќ, кој бил и младински српски репрезентативец до 15 и 16 години, а минал еден дел од школата на белградски Партизан.
Станува збор за напаѓач кој има 22 години и на кого последен клуб му е кипарски Олимпијакос Никозија, а претходно совен во младите категории на Партизан и на Графичар, играл и за младинскиот тим на хрватски Вараждин, а потоа во Вршац и Железничар Панчево.
Според информациите од популарниот „Трансфермаркт“, Јовановиќ од септември лани е без клуб откако раскинал со Олимпијакос Никозија.