петок, 27 ноември 2026
Најново

Македонија ќе учествува на Детската Евровизија во ноември

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај




ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


„Македонската радио телевизија“ објави повик за аудиција на вокален интерпретатор кој ќе нѐ претставува на Детската Евровизија што во ноември ќе се одржи во Мадрид, Шпанија.

– Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу девет и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември, пишува во повикот.

Најавено е аудицијата да се одржи на 19 јуни, а пријавувањето е отворено заклучно со 17 јуни. Сите кандидати треба да се државјани на Македонија или да имаат регулиран престој во државава.

Лани во Франција нѐ претставуваше Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.

– Реклама –








Поврзани вести