Македонката, Ангела Мојсовска, ќе се бори за златен медал на Европското универзитетско првенство во карате

Уште еден македонски студент на Европското универзитетско првенство во Варшава, Полска, обезбеди финале, станува збор за Ангела Мојсовска, членот на карате клубот Макпетрол.

Мојсовска од Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје на патот до финалето успеа да оствари три победи во категоријата до 68 кг.

Македонската каратистка во второто коло со 8:4 триумфираше против Нина Лукенда од Хрватска.

Во четвртфиналната фаза Мојсовска со 4:3 ја совлада Амина Фејзиќ од Босна и Херцеговина, додека во полуфиналето излезе како победничка во дуелот со Влер Керими од Косово која иако водеше со 3:1, Мојсовска доби удар што предизвика крв од нејзиното лице.

Мојсовска во финалето за златото в понеделник (25 август) ќе се бори против Бехије Мустафа од Косово. Резултати ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи: