четврток, 26 ноември 2026
Најново

Македонската пејачка прозборе за смртта на сопругот, нивната ќеркичка секој ден прашува за тато

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Познатата пејачка Маја Саздановска си го отвори срцето и за прв пат прозборе за животната трагедија која ја преживеа.


Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, вели Маја за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Таа отворено проговори за семејната трагедија кога пред пет години ненадејно почина нејзиниот сопруг.


Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.
-Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра,снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне, раскажа Маја.

Поврзани вести