Денес во Министерството за внатрешни работи беа промовирани 120 нови возила за потребите на Македонската полиција. На овој настан учествуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Возилата се наменети за униформирана полиција.
Министерството за внатрешни работи најавува дека тие ќе бидат дистрибуирани до полициските организациски единици низ целата земја и ќе придонесат за поефикасно и побрзо извршување на секојдневните полициски задачи.
Министерот Тошковски нагласи дека распределбата ќе биде рамномерна на национално ниво, при што Скопјe, како најголем град и со најголеми безбедносни потреби, ќе добие поголем број возила.
Министерот Тошковски нагласи дека овој вид набавка на полициски возила е прва по 15 години, станува збор за модерни и моќни возила со кои полицајците ќе ги извршуваат своите работни задачи многу поефикасно. Тошковски додаде дека оваа набавка е јасен показател за посветеноста на Министерството за внатрешни работи да создаде подобри услови за работа на полициските службеници .
The post Македонската полиција ќе биде опремена со 120 нови возила appeared first on Во Центар.


