Македонска работа: Славел апсолвентска, а соседот му се заканувал поради гласна музика

На 07.06.2019 година во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Марино-скопско, во дворот од семејната куќа на Ј.Ј. (22), додека истиот бил во друштво на уште пет други лица и организирале апсолвентска прослава, неговиот сосед Т.Ѓ. (65) започнал вербална расправија, по што заедно со Б.Л. (47), влегле во дворот и со метален предмет му се заканувале на него и на гостите.
Според пријавата, заканите следеле бидејќи соседот кој си прославувал пуштал гласна музика.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.