Македонските фудбалери “се прошетаа во Малта”: Од трибините грмеше “Никогаш северна, само Македонија”

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа го заврши септемврискиот репрезентативен прозорец на УЕФА, откако во рамки од шестото коло од групата Ц од квалификациите за ЕП славеше над Малта со сигурни 0-2.

Натпреварот се играше пред околу 3.000 македонски навивачи во Малта, кои силно ги бодреа фудбалерите, а од трибините можеше да се слушне “Никогаш северна, само Македонија”.

Стрелци на головите за Македонија беа Елиф Елмас и Јован Манев.
Со оваа победа Македонија се враќа во трката за учество на следното европско првенство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.