Македонски автобус синоќа излетал од патот кај местото Добановци.
Српските медиуми јавуваат дека не е позната состојбата на возачот и на патниците.
Како што пишуваат медиумите, возач на друг автобус застанал да помогне.
Србија е под силно снежно невреме. Сообраќајот се одвива отежнато, а Српскиот хидрометеоролошки завод излезе со предупредување дека е можен е леден дожд поради што се препорачува внимателно возење.


