Македонски Телеком го заврши првото тримесечје со позитивни финансиски резултати и значителни инвестиции во инфраструктурата, кои ја поттикнуваат дигитализацијата на земјата. Напредокот во најсовремени технологии и извонредното корисничко искуство придонесоа за раст на корисничката база и одржливи резултати. До крајот на првиот квартал од 2025 година, капиталните инвестиции достигнале 423 милиони денари, што е повеќе од 341 милион денари во истиот период од претходната година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација забележа пораст од 1,1 процент, додека маргината порасна за 2,1%; сепак, нето добивката беше малку пониска за 1,5 проценти.
Континуираниот напредок во инфраструктурата и технологиите ја зацврстува позицијата на најквалитетна мрежа во Македонија. Во областа на оптиката, имаме 351 илјади корисници, што е зголемување од 8,5 проценти во однос на истиот период од лани. Нашата 5G мрежа сега покрива 95 проценти од населението, обезбедувајќи гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме со развојот на инфраструктурата за да обезбедиме непрекината поврзаност и пристап до дигиталното општество.
Нашата заложба за извонредно корисничко искуство и наградната програма Magenta Moments донесоа зголемување на корисничката база во сите сегменти. Бројот на корисници на интернет пораснал за 3,5 проценти, достигнувајќи 219 илјади, а вкупниот број интернет пристапи е зголемен за 3,6 проценти. Мобилната мрежа има стабилна база од 1,26 милиони корисници, додека фиксната телефонија брои 234 илјади корисници. Според индексот TRI*M, нашиот бренд е највисоко оценет во Македонија.
Во ТВ сегментот, нашето пазарно учество е 36,5 проценти, што ја задржува нашата водечка позиција. Новата дигитална телевизија MagentaTV е одлично прифатена и брои 161,5 илјади корисници, што претставува раст од 6,9 проценти. Платформата нуди модерно ТВ искуство соодветно на навиките и интересите на корисниците, што резултира со пораст на приходите од 3,3 проценти во споредба со истиот период од претходната година. Планираме и понатаму да инвестираме за да овозможиме најдоброто поврзано дигитално општество.
The post Македонски Телеком со стабилен раст и инвестиции во почетокот на 2025 година appeared first on 365.mk.


