Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје

Претставници од ИКТ индустријата, институциите и бизнис-заедницата од Северна Македонија и од Грција денеска во Скопје ќе разговараат за унапредување на регионалната дигитална соработка, поттикнување на нови деловни партнерства и отворање на можности за заеднички настап на европските пазари.

На форумот што го организираат МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии и SETPE – Асоцијација на компании за информатички технологии од Грција се очекува да учествуваат над 100 претставници на компании и институции од двете земји.
Во рамки на форумот предвидено е и официјално потпишување на Меморандум за соработка меѓу МАСИТ и SETPE.

The post Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: