Македонско МНР: Ја отфрливме бугарската помош за мазут, ситуацијата во земјата е стабилна

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека Бугарија ѝ понудила на Македонија помош со мазут за надминување на кризната состојба со овој енергенс за кој владата на РМВ прогласи кризна состојба.

Поради протестите на грчките земјоделци, Македонија има проблеми со увозот на потребните количини нафта за производство на електрична енергија во ТЕЦ Неготино, поради што беа активирани државните резерви на мазут.

Министерството за надворешни работи соопшти дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одбил понудената помош од Бугарија.

„Утрово се одржа телефонски разговор помеѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за пружената помош, нагласувајќи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи ситуацијата е стабилна“, соопшти Министерството за надворешни работи.
The post Македонско МНР: Ја отфрливме бугарската помош за мазут, ситуацијата во земјата е стабилна appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: