Откако францускиот претседател Емануел Макрон повика на запирање на нападите врз нафтените и гасните постројки на Блискиот Исток, одговор дојде од Иран.
Поточно, Макрон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани по „нападите што ги погодија постројките за производство на гас во Иран и Катар“.
Потоа тој во објава на социјалните мрежи рече дека е во нивен заеднички интерес да спроведат, без одлагање, мораториум за напади врз цивилната инфраструктура, особено објектите за енергетика и водоснабдување.
„Цивилното население и нивните основни потреби, како и безбедноста на снабдувањето со енергија, мора да бидат заштитени од воена ескалација“, изјави тој.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, одговори на ова и изјави дека Макрон никогаш не изговорил ниту еден збор за осуда на израелско-американската војна против Иран.
„Тој не го осуди Израел кога дигна во воздух складиште за гориво во Техеран, изложувајќи милиони луѓе на токсини. Неговата сегашна „загриженост“ не следеше по нападот на Израел врз нашите гасни постројки. Таа следеше по нашата одмазда. Жално!“, рече Арагчи.
The post Макрон го критикуваше Иран, доби одговор: „Жално, никогаш не ги осудивте израелско-американските напади“ appeared first on Во Центар.



