Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа во Тирана увери дека неговата земја ќе ја поддржи Албанија во процесот на европска интеграција.
За време на церемонијата за пречек, организирана во Палатата на бригадите, од страна на премиерот Еди Рама, Макрон рече дека „историјата што ги обединува двете земји е скапоцено богатство и дека двете земји имаат одлични политички и економски односи”.
- Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец
- Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во близина на иранската нуклеарна централа Бушер – се отвора прашањето дали станува збор за нуклеарен тест
- Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните
- Генерацијата Z се крева, десетици илјади млади луѓе на улиците на Германија: Се судрија со полицијата, беше активиран и воден топ (фото)
- Средба на двајца поразени автократи: Вучиќ го пречека Орбан и рече дека ќе се вратат
- Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“ поради поддршката на нападите врз Иран
- Мишо Ковач со години одбиваше да настапува на Запад: Нема да бидам под усташката идеологија, не ја продадов оваа земја
- Само осум од 100 жени Ромки се вработени, економската зависност ги изложува на поголем ризик од насилство
- Хаос во Тирана: Демонстрантите фрлаат молотови коктели врз полицијата, бараат оставка од Рама (фото)
– Франција е решена да ја направи оваа билатерална врска профитабилна, потпирајќи се на Франкофонијата на вашата земја, на Средоземното Море што ни е заедничко и амбициите наспроти заедничките предизвици. Пријателството меѓу нашите два народа е вековно. Сакам да ја истакнам поддршката на Франција за она што го нарекуваме процес на проширување, изјави претседателот Макрон, јави АТА.
Додаде дека претпочита да го нарече не процес на проширување, туку процес на обединување.
– Доволно е да погледнете мапа и да ја видите нашата историја за да разберете дека оваа Европа нема да се прошири чекајќи те, бидејќи веќе сте во центарот. Доволно е да ја видите вашата историја за да кажеме дека нема да се шириме, но ќе се обединиме затоа што вие сте тука од почетокот, посочи тој.
Информираше дека за време на неговата посета на Тирана ќе се разговара и за соработка на економски план.
Тој нагласи дека „да завршам, ја кревам чашата за ентузијастичката визија што ја имаме за вашата земја“.
-За Албанија, албанскиот народ, за блиските и толку посебни врски што не обединуваат, за Европа. Да живее Албанија, да живее француско-албанското пријателство, рече Макрон, последната реченица на албански јазик.
За Рама, Албанија и Франција отсекогаш имале рано пријателство. Тоа е затоа што за Албанците историски Европа беше Франција и францускиот јазик.
– Во овој момент, интеграцијата на Албанија во ЕУ е многу важна и Франција е заинтересирана тоа да се случи што поскоро, рече меѓу другото Рама.
На свечената вечер Макрон на познатиот албански писател Исмаил Кадаре му го врачи одликувањето „Големиот офицер на Легијата на честа“.
Макрон е прв француски претседател во посета на Албанија. Тој утре ќе има средби со домаќинот претседателот Бајрам Бегај и премиерот Рама.
Пронајдете не на следниве мрежи:



