Една година по грозоморното убиство на 12-годишното девојче Луизa во Германија, медиумите објавуваат нови детали за злосторството што ја потресе Европа.
Луиза е убиена на 11 март 2023 година, а за нејзиното убиство се осомничени нејзината најдобра другарка (12) и уште едно дете (13).
- Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуален нападПоротата во Лондон го прогласи британскиот комичар и актер Расел Бренд за виновен за… Read more: Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуален напад
- Сека Алексиќ: Сакам да родам уште едно дете, мојата најголема неостварена желба е да донирам јајце-клеткиПејачката Сека Алексиќ во ново интервју зборуваше за желбата за проширување на своето семејство,… Read more: Сека Алексиќ: Сакам да родам уште едно дете, мојата најголема неостварена желба е да донирам јајце-клетки
- Зеленски се надева на големи превирања во Америка: Поразот на Трамп би можел да ја промени судбината на УкраинаЗеленски се надева дека успехот на демократите на среднорочните избори во САД ќе донесе… Read more: Зеленски се надева на големи превирања во Америка: Поразот на Трамп би можел да ја промени судбината на Украина
- Руски воен сателит опасно се приближил до западен сателит што обезбедува снимки за УкраинаРуски воен сателит се приближил на околу еден километар од комерцијален сателит на финската… Read more: Руски воен сателит опасно се приближил до западен сателит што обезбедува снимки за Украина
- Шасивари: Силна соработка со Косово за унапредено и поефикасно правосудствоМинистерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерката за правда на Република… Read more: Шасивари: Силна соработка со Косово за унапредено и поефикасно правосудство
Последните податоци покажуваат дека телефонот на пријателката на Луиза, којa е осомниченa за злосторството, бил регистриран повеќе од 70 минути на местото каде што е убиена Луиза.
Безживотното тело на девојчето, со повеќе од 70 убоди, било пронајдено во шумата Фрауденберг-Хоенхајм. Се верува дека нејзината најдобра пријателка ја намамила во шумата под изговор дека има специјално изненадување за Луиза. Луиза и’ испратила порака на мајка си дека оди со другарките да го види изненадувањето и никогаш не дошла дома.
Оружјето за убиство никогаш не е пронајдено, а постои сомневање дека Луиза била избодена со турпија за нокти. При обдукцијата биле откриени 74 убодни рани, а при нападот биле оштетени и бројни органи. Ниту една од убодните рани не била фатална, па заклучокот на судскиот вештак бил дека малата Луиза искрварила до смрт.
Во прилог на теоријата дека Луиза починала во агонија, тоа што телефонскиот сигнал на нејзината најдобра пријателка бил регистриран на местото на злосторството повеќе од 70 минути, пишува Телеграф.
Според неофицијални информации, убијците се фотографирале и со телото на Луиза.Никој не одговараше за ова грозоморно убиство, со оглед на тоа што осомничените поради возраста не можат кривично да одговараат.
Истрагата покажала дека осомниченото девојче дошло во шумата со торба и селотејп лента, со намера да ја удави Луиза, на што укажуваат трагите пронајдени на телото на убиеното дете. Кога не успеала во тоа, едната од девојките ја задржала Луиза, а потоа, веројатно, другата и’ нанела повеќе од 70 смртоносни убодни рани.
Она што дополнително ја шокираше светската јавност е фактот дека девојката се обидела да го прикрие злосторството. Извори од истрагата тврдат дека по убиството и’ се јавила на мајката на Луиза загрижена што Луиза сè уште не се вратила дома.
Додека сите ја барале Луизa, осомничената девојка била дома и бришела податоци од телефонот кои би можеле да ја компромитираат.
Пронајдете не на следниве мрежи:



