петок, 27 ноември 2026
Најново

Малиот генијалец Македон растури на математичката олимпијада во САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај



Малечкиот математички генијалец Македон Димитровски оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал, овој пат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето „НОВА“ каде што доби целосна стипендија за образование обезбедена од компанијата Пантелеон ГС и „НОВА“

Инаку, оваа математичка олимпијада е основана во 1979 година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде што секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.

Посветеноста на Пантелеон ГС за образование и развој на таленти резонира длабоко во нивниот етос. Поддршка на надарени ученици како што е Македон, е дел од мисијата на Пантелеон ГС за поттикнување на позитивни промени во општеството.

Извор

Поврзани вести