Мали нешта кои многу им значат на вашите деца

Додека овие гестови изгледаат незначајно за возрасните, тие им значат многу на децата. Најлесниот начин да ги насмеете вашите деца е преку малите нешта.
Носете го накитот кој ви го направија на работа.
Залепете некоја реченица или мантра на фрижидерот и нека тоа биде ваша семејна мудрост.
Одете на прошетка со нив.
Ставете белешка за убав ден во нивната кутија за појадок.
Играјте со нивните коцки. Тоа ќе ви помогне и вам да се опуштите.
Имајте своја приказна за нив.


Покажете радост како тие за забавните паркови.
Дозволете им понекогаш да скокаат во вирчињата.
Понекогаш самите направете торта за нив. Не нарачувајте.
Изградете ритуал кој ќе го применувате еднаш неделно.
Понекогаш дозволете им сами да се дотераат. Барем за одењето во продавница.
Дозволете им да слушнат како кажувате нешто убаво за нив.
Испечатете фотографии од нивното растење и ставете ги на фрижидерот.
Научете ги да ја слушаат музиката која вие ја сакате.
Закачете табла во нивната соба на која ќе можат да цртаат или пишуваат пораки.
Споделете ги со нив вашите фотографии од детството, дневници и играчки.
Заблагодарете им се и пофалете ги кога ќе направат нешто добро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.