Малку поинаква РУСКА САЛАТА СО МАКАРОНИ: Кралицата на балканската трпеза во модерен „аутфит“

Ви треба:

200 г макарони2 варени компири, со средна големина2 моркови150 г павлака100 г мајонез3 кисели краставички2 варени јајцасолбибер

Подготовка:

Сварете ги макароните според според упатствата на пакувањето. Потоа исцедете ги и оставете ги да се изладат. Излупете ги и сварете ги компирите. Исечете ги на мали коцки, потоа излупете ги и изрендајте ги морковите. Потоа сварете ги јајцата, излупете ги и исечкајте ги на мали парчиња. Ситно исечкајте ги киселите краставички. Измешајте го целиот сечкан зеленчук со јајцата и изладените макарони, потоа додадете го мајонезот и павлаката. Зачинете со сол и црн пипер. Оставете ја салатата во фрижидер најмалку еден час.

Пронајдете не на следниве мрежи: