Малолетничка од Куманово се предозирала со апчиња

Надлежните од одделението за педијатрија од кумановската болница пријавиле во полиција дека вчера кај нив родители донеле 14-годишно девојче од Куманово, кое испило 20 таблети.


Како што соопшти денеска СВР Куманово, девојчето било донесено во болницата во 10 часот и по укажаната лекарска помош е испратено во Клинички Центар Скопје.
За случајот известен е и јавен обвинител

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.