Мандолинскиот оркестар „Скопје“ на турнеја во Хрватска

Фејсбук профил на Ерхан Шукри / Од концертот во Музејот на македонската борба Мандолинскиот оркестар „Скопје“, воден од диригентите Рамадан и Ерхан Шукри, ќе присуствува на турнеја во Хрватска во периодот од денес до 13 мај. На 10 мај, ќе го покажат своето мајсторство на мандолинскиот фестивал во Омиш со целовечерен концерт, а веднаш наредниот ден, на 11 мај, ќе одржат уште еден целосен концерт во Загреб. Со својата свежина, страст и одлични перформанси, мандолинскиот оркестар „Скопје“ служи како вреден културен амбасадор на нашата земја, стои во најавата за нивното гостување.
The post Мандолинскиот оркестар „Скопје“ на турнеја во Хрватска appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: