Марадона немал дрога во организмот, умирал во агонија

Аргентинската телевизија Telefe ги објави резултатите од обдукцијата на легендарниот фудбалер Диего Марадона. Според сегашните сознанија, се чини дека хаосот допрва претстои.
Како што се наведува во главните податоци од извештајот, не се пронајдени траги од дрога и алкохол во крвта на Марадона, но има еден друг застрашувачки факт.
Имено, во извештајот се твди дека Марадона не умрел брзо, туку легнат во кревет умирал во агонија што траела шест до осум часа.
Марадона, кој имаше големи проблеми со дрогата за време на својата играчка кариера, почина од белодробен едем. Според токсиколошкиот наод, тој не користел недозволени лекови или алкохол пред смртта, но во неговата крв биле пронајдени траги од неколку антидепресиви.
Сега се испитува како овие антидепресивни лекови влијаеле на хроничното срцево заболување на Марадона. Тој користел лекови против вознемиреност и зависност, а земал и апчиња за спиење.
Форензичарите исто така забележале дека неговото срце тежи 503 грама, приближно двојно повеќе од вообичаената тежина на срце на возрасен маж. Во Аргентина се истражува дали можело да се избегне смртта на Марадона и дали имало небрежност од докторите кои се грижеле за него.
Правниот тим предводен од Матијас Морла тврди дека смртта е резултат на лекарска небрежност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.