Марадона татко по четврти пат

Еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона, во среда по четврти пат стана татако, пишува Дејли Мејл.Поранешната партнерка на Марадона, 33 годишната Вероника Оједа, со царски рез роди машко дете. Иако се разделиле кога била во четвртиот месец од бременоста, Вероника му дала име на детето Диего Фернандо, а презимето ќе биде на обата родители.
Адвокатот на Оједа, Јорге Ауричио изјави дека Марадона, кој се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати и работи како спортски амбасадор на таа земја, преку амбасадата ќе го признае детето. Марадона за ова сè уште јавно не се изјаснил.Марадона има две ќерки со поранешната сопруга Клаудија Вилафане и вонбрачен син со Италијанката Клаудија Синагра од времето додека играше за Наполи.Марадона има и внук Бенџамин, син на неговата ќерка Џанина и фудбалерот на Манчестер Сити Серхио Агуеро.
Иако е роден еден месец пред терминот, малиот Диего Фернандо Марадона Оједа е тежок 3,2 килограми и е со добро здравје.
МакфаксЕден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона, во среда по четврти пат стана татако, пишува

Пронајдете не на следниве мрежи: