Марина Туцаковиќ: „Осаменоста е опасна“

Најпознатиот текстописец во соседна Србија, а и пошироко, Марина Туцаковиќ, која е авторка на најголемиот број хитови на познатите пејачи, се огласи на својот твитер-профил со цитат кој совршено ја опишува нејзината состојба, како што самата истакна.
Осаменоста е опасна. Таа создава зависност. Откако ќе сфатите колку е смирува, веќе не сакате да се занимавате со луѓето“, напиша таа, и додаде дека не е автор на цитатот, ама дека таа се пронашла во него бидејќи совршено ја опишува нејзината моментална состојба.


Потсетуваме, Марина Туцаковиќ веќе долго време е во изолација откако во почеток на годината ѝ беше дијагностициран рак на дојката. Таа беше на лекување во Германија, а откога се врати, деновите ги минува на имотот близу Нови Сад,
далеку од луѓето. Ретко доаѓа во Белград и скоро и да не се појавува, ниту пак се огласува во јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.