МАРИЈА – МАКЕДОНСКОТО ИМЕ ШТО ЗНАЧИ „САКАНА ОД БОГА“

Според старите толкувања, ова име значи и „горчината на морето“. Марија е најраспространетото женско име на светот во разни варијанти. Како име на мајката на Исус, името Марија симболизира чиста и длабока љубов. Во изворниот еврејски јазик, името гласи Мирјам, а наша прифатена форма е Марија, според латинското Maria.
Самото значење на името Марија не е целосно разјаснето. Според новите толкувања, името е изведено од египетското „mry“ што значи „сакана“, односно „сакана од Бога“.
Според старите толкувања, името настанало од еврејското „мир“ (горко) и „јам“ (море), па според тоа значење би било „горчина на морето“.
Според толкувањето на Еусебиј од Цезареј, името значи „капка од морето“, изведено од еврејскиот збор „мар“ (капка) и „јам“ (море). Поради големата почит кон Богородица, во католичките земји до 15-ти век, името Марија не се користело како име за крштевање. Во периодот на реформација, католиците сè повеќе го одбирале името Марија како симбол.
Името Марија е застапено во земјите Европа, Северна и Јужна Америка и во делови од Азија. Посебно во Шпанија и во латинскиот дел на Америка, постојат многу женски имиња инспирирани од култот кон мајката на Исус. Оттука настанале и таканаречените „маријански имиња“.
Мариа во текот на целиот 20-ти век било најчестото шпанско женско име. Речиси 30% од Шпанките се викаат Мариа. Марија често се појавува и во комбинација со други имиња: Ана Марија, Марија Магдалена и слично.
Други форми на името Марија се Мариела, Мариета, Мариола, Марика, Маша, Миа, Мајда, Мара, Марица, Марта, Мина и други.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.