Марк Закерберг го зајакна менаџментот на Мета: Поранешен соработник од администрацијата на Трамп презема клучна улога

Компанијата „Мета“ денес објави дека ја назначила поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Дина Пауел Мекормик, за член на менаџерскиот тим на компанијата.

Технолошкиот гигант изјави дека новиот член ќе помогне во водењето на целокупната стратегија и извршување на „Мета“, објави „ТекКранч“.

„Искуството на Дина на највисоките нивоа на глобалните финансии, во комбинација со нејзините длабоки врски низ целиот свет, ја прават идеално погодна да ѝ помогне на Мета да управува со следната фаза од растот на компанијата“, напиша извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, во блог пост.

Дина Пауел Меккормик беше заменик-советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп.

Во објава на платформата Truth Social, Трамп му честиташе на својот поранешен колега за изборот.

„Одличен избор на Марк З!!!“, нагласи претседателот.

Тој додаде дека „Дина е фантастична и многу талентирана личност“, која се докажала служејќи во неговата администрација.
The post Марк Закерберг го зајакна менаџментот на Мета: Поранешен соработник од администрацијата на Трамп презема клучна улога appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: