Африканската држава Мароко има амбиции да организира трка во Формула 1.
Постојат извештаи дека планот за креирање на патеката и потребната инфраструктура, со вкупна вредност од 1,2 милијарди долари, доби одобрување.
Стефано Доменикали води преговори со три африкански држави за организирање на Гран При. Освен Јужна Африка и Руанда, третата држава кај која се водат дискусии е Мароко.
Планот вклучува изградба на патека од „А“ класа, 20 километри надвор од градот, која ќе може да угости натпревари од Формула 1 и Мото ГП.
The post Мароко планира изградба на патека за Формула 1 трка appeared first on 365.mk.


