Марс може да пукне на половина по сударот со кометата C/2013 A1

Планетата Марс, можеби нема да постои во сегашниот облик по 19-ти октомври, затоа што постои голема можност да се судри со кометата C/2013 A1, со пречник од 50 километри, а сударот ќе биде еднаков на експлозија на 20 милијарди килотони тротил.

Според процените на научниците, сударот може да доведе до неочекувани последици, а Црвената планета може да пукне, може да се промени оската на вртење или на неговата површина да се појави вода.
 Научниците пресметаа дека кометата C/2013 A1 ќе пролета на растојание од 37 илјади километри од површината на Марс. Процените постојано се проверуваат, но сите се сложуваат дека можноста за судар е голема.
 Научниците велат дека не можат со сигурност да ги предвидат последиците од таков судар.
 Едно е јасно, жителите на Земјата не мора да се грижат, затоа што хаваријата на Марс нема да влијае врз нашата планета.
 Земјаните сé уште не почнале да го освојуваат Марс, а таа планета веќе се најде во опасност.
Ударот на огромната комета може да ја преполови планетата, да ја промени нејзината оска, климата или нешто друго.
 Кометата носи големо количество водород.
 
За Марс ударот би бил многу опасен. При ударот може да дојде до ослободување на енергија која одговара на многу силна термонуклеарна експлозија.
 
Ако кометата е составена од мраз, водата која постои во кометата ќе падне на Марс. А бидејќи на Марс има многу ретка атмосфера, водата веднаш ќе се сублимира и ќе се претвори во мраз, кој таму во извесен процент и постои.
 На Марс ќе останат лузни. Таму постои голем кањон долг стотици километри, кој настанал во еден од претходните судари со силен астероид, а не комета, поради што испарила целата атмосфера.
 Сепак, космичките далечини се големи, па жителите на Земјата нема да ги почувствуваат последиците од овој судар.
Најголема врева околу сударот најверојатно ќе кренат медиумите, сметаат научниците.
 Според проценките на астрономите, кометата ќе пролета на 105 илјади километри од центарот на Марс на 19 октомври 2014 година.
Макфакс
Планетата Марс, можеби нема да постои во сегашниот облик по 19-ти октомври, затоа што постои голема можност да се судр

Пронајдете не на следниве мрежи: