Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

Европската дипломатска активност за Македонија продолжува со засилено темпо. По посетата на Антонио Кошта и средбите на македонскиот државен врв со европските лидери, во Скопје на почетокот на јули доаѓа и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Посетата се поврзува со датумите од 6 – 8 јули, но засега извори за Телма од МНР и делегацијата на ЕУ во земјава велат дека посетата е најавена и очекувана, но точниот датум и агендата допрва ќе се утврдуваат.

Посетата се случува во период кога повторно се отвораат прашањата за деблокада на евроинтеграциите, пред и по одржувањето на самитот на Западен Балкан во Тиват.

Наспроти сигналите од унијата преку новиот Нон-пејпер за внесување на одрeдени зeмји чекор по чекор лиферуван од Мерц и Маркон владата останува на ставот дека уставни измени нема без јасни гаранции од Европската Унија.

Пронајдете не на следниве мрежи: