Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа на Студентската листа во Србија, порачувајќи дека граѓаните „го кажале своето“ и дека сега за Србија може да започне ново поглавје.
Таа се осврна на речиси двегодишните протести, посочувајќи дека граѓаните излегле на изборите во историски голем број.
„Србија го кажа своето. По речиси две години протести за демократија, владеење на правото и борба против корупцијата, граѓаните на Србија излегоа на изборите во историски голем број“, порача Кос.



