Мартинез им пресуди на „росонерите“ (ВИДЕО)

Интер доминираше на теренот во текот на целото прво полувреме, а до гол стигна преку Лаутаро Мартинез по еден корнер во 34. минута од средбата, додека Милан не се закани ниту еднаш до крајот на првиот дел.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли направи неколку измени на почетокот на второто полувреме, меѓутоа ништо посебно не се промени во играта на „росонерите“, а Интер повторно ја имаше контролата врз средбата и на крајот освои три бода.

Интер во моментов се наоѓа на второ место со 43 бода, односно 13 помалку од лидерот Наполи, додека Милан е на шестата позиција со 38 бода.

Пронајдете не на следниве мрежи: