Жителите на ексклузивна населба на островот Мозоли, во еквадорската покраина Гвајас, беа потресени од брутален вооружен напад што потсетува на сцени од најсуровата серија за дрога. Силно обезбедуваниот комплекс, познат по своите луксузни резиденции и високи безбедносни мерки, беше подложен на професионална ликвидација во среда навечер (7 јануари) во која загинаа три лица.
Нови снимки од безбедносните камери, кои се појавија во јавноста, ги откриваат ужасните детали од нападот. Точно во 21:20 часот, група од најмалку 10 тешко вооружени мажи упаднала на спортскиот терен каде што во тој момент се играл рекреативен фудбалски натпревар.
Напаѓачите носеле униформи идентични со оние што ги користела еквадорската полиција и армија, што во првите секунди предизвикало забуна кај присутните. Со извици „Легнете! Сите на подот!“, напаѓачите ги опколиле преплашените цивили со долги цевки во рацете.
Главната цел на нападот бил Алијас Марино, висок водач на озлогласената криминална група „Лос Лагартос“. На видеото се гледа како еден од напаѓачите му се приближува на Марин, брутално го шутира во лицето, а потоа му гази по главата додека беспомошно лежи на вештачката трева.
Terrible!!Aquí el momento exacto en que llegan los delincuentes fuertemente armados disfrazados de militares a una cancha de fútbol en la Isla Mocoli y matan a varias personas. https://t.co/tiLiBK2ZKN pic.twitter.com/9RDc9REnL5— Emergencias Ec (@EmergenciasEc) January 9, 2026
Само една минута подоцна, во 21:21 часот, се слушнаа првите рафали. Напаѓачите употребија оружје од голем калибар, а освен Марин, уште двајца мажи беа убиени на лице место, додека неколку лица беа ранети и итно префрлени во болници.
Истражителите веруваат дека овој напад бил внимателно испланирана акција насочена кон „замолчување“ на водачот на „Гуштерите“ (Лос Лагартос). Марино бил познат по своите чести патувања во Дубаи и развил мрежа за шверц на дрога во еквадорските пристаништа. Неговата ликвидација во зона која се смета за „најбезбедна во земјата“ испратила застрашувачка порака до тамошното подземје.
The post Масакр за време на фудбалски натпревар: Вооружени лица упаднаа на теренот и убија тројца луѓе (видео) appeared first on Во Центар.



