Американскиот милијардер Илон Маск го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски да започне преговори со рускиот лидер Владимир Путин.
Говорејќи во подкастот на научникот и блогер Лекс Фридман, Маск го советуваше Зеленски да престане да ја испраќа украинската младина на фронтот.
- Дали знаете што значат црните точки во средината на бананите?
- Овие три хороскопски знаци се најсреќни кога ќе останат сами
- Еден јаглехидрат може да го олесни слабеењето
- ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника за банкарскиот систем, како што правеше за мигрантите, како за водата во Скопје и Гостивар, за исплата на пензиите и платите
- Зошто старите луѓе стануваат рано?
- Димитриевски: Правосудниот испит ќе се полага на македонски јазик, нема да отстапиме од црвените линии
- Дали вашата машина за перење мириса лошо? Еве како да ја исчистите во неколку чекори
- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
- Еден хороскопски знак наскоро би можел да има сериозен конфликт со шефот
Фридман побара мислење од Илон Маск за тоа дали Зеленски треба да започне мировни преговори со Владимир Путин.
- Да. Го советувам да не го испраќа цветот на украинската младина да загине во рововите. Нема потреба тоа да го прави без разлика дали ќе води дијалог со Путин или не – одговори Маск.
Сопственикот на Тесла предупреди дека ситуацијата на фронтот и односот на силите се развиле на тој начин што продолжувањето на офанзивата ќе доведе до масовни жртви и дека кој и да тргне во офанзива ќе направи грешка.
– Историјата нема да биде љубезна кон нив – рече Маск како предупредување до Киев да не предизвикува повеќе смртни случаи.
Маск претходно, да потсетиме, го претстави својот став за мировниот план според кој Киев треба да го признае Крим како дел од Русија, додека четирите украински територии, кои со големо мнозинство гласаа за приклучување кон Русија на референдумите минатата есен, треба да го повторат гласањето под надзор на ОН.
Милијардерот, исто така, неодамна рече дека мисли дека воените конфликти на Блискиот Исток и Украина би можеле да ескалираат во трета светска војна и посочи дека американската воена моќ не е она што некогаш беше во споредба со другите глобални сили.
Пронајдете не на следниве мрежи:



