Маслинките го чуваат вашето здравје, еве зошто треба да ги јадете

Една од најстарите и најздрави намирници е оваа медитеранска билка. Таа го чува нашето здравје, лековита е, а стана и важен додаток во исхраната.
Ви ги претставуваме сите благодети од маслинката поради кои ќе ја засакате уште повеќе.
Маслинките се богати со бакар, една шолја црни маслинки содржи 38 проценти од препорачаната дневна доза на бакар. Исто така, бакарот е неопходен метал во изградбата на сврзно ткиво и колаген, а покрај тоа е неопходен и за развојот и одржувањето на крвните садови, кожата, коските и зглобовите.
Помага во зачувувањето на клетките на нервниот систем.
1. Превенција од рак
Покрај тоа што маслинките имаат антиоксидативни својства тие содржат својства кои го неутрализираат штетното влијание врз клетките.
2. Срце
Маслиновотo масло содржи биопхенол кој го намалува крвниот притисок и поттикнува синтеза на липопротеини со ниска густина. Имено, липопротеините се познати како лош холестерол, а биопхенолот го спречува стеснувањето на артериите.
3. Слабеење
При замената на заситени масти докажано е дека маслиновото масло ја намалува нечувствителноста на инсулин и помага при разградување на мастите во внатрешноста на масните клетки.
Ароматизираниот екстракт во маслиното масло дава поголемо чувство на ситост.
4. Чир во желудникот
Helicobacter pylori е бактерија која предизвикува чиреви во желудникот. Со оглед на тоа дека таа развила отпорност на некои антибиотици, маслинките се покажаа како одличен борец против оваа бактерија.
Покрај тоа, одлични се во превенцијата на рак на желудникот, а воедно спречуваат и чир на желудникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.