Масовни исклучувања на струјата во Шпанија, Франција и Португалија: Во Мадрид и Барселона метрото запре, патниците се евакуирани, луѓето останаа заробени во лифтовите

Голем прекин на електричната енергија се случи овој понеделник во големи делови на Шпанија околу 13 часот и 30 минути, но прекини на струја беа забележани и низ Португалија и делови од Франција.Засега не е позната причината за прекинот на струја во Шпанија, кој во некои области траеше само неколку минути.Комуналното претпријатие во Шпанија ја истражува причината за прекинот на електричната енергија, што ја зафати и Португалија и некои делови од Франција.Прекинот го запре целиот железнички сообраќај, а семафорите беа исклучени во многу области. Метрото не работи во Мадрид, а властите забрзано ги евакуираат патниците. Истата приказна е и во Барселона.

Медиумите јавуваат дека поради прекин на струја, некои луѓе останале заробени во лифтовите. Голем број болници се префрлија на агрегати.

Пронајдете не на следниве мрежи: