Матурант од Струмица најден мртов, зад склад за дрва на влез од градот

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта

Кај момчето немало знаци на насилство, а телото е дадено на обдукција. Од анализите ќе се знаат причините за смртта.
Од МВР посочуваат дека добиле пријава вчера околу 12 часот, дека на необработена нива било пронајдено безживотно тело.
„Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица

Пронајдете не на следниве мрежи: