сабота, 28 ноември 2026
Најново

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која однесе убедлива победа на парламентарни избори во Унгарија, денеска во видеообраќање на Фејсбук обвини дека се уништуваат документи од владата во заминување на Виктор Орбан.

Маѓар посочи дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите што „пораснале“ за време на 16-годишното владеење на поранешниот премиер Орбан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Сè повеќе добиваме најави од министерства, институции и компании за уништување големи документи. Ајде, заедно да ја сопреме бегалската мафија – рече тој, посочувајќи дека секој што учествува во вакви криминални активности ќе биде повикан на одговорност кога ќе се формира новата влада.

Поврзани вести