Маѓар ќе ja распадне ЕУ тврди советникот на Путин: Проверете за четири месеци

Кирил Дмитриев, специјален пратеник на Владимир Путин за странски инвестиции и економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции процени дека изборните резултати во Унгарија ќе го забрзаат распаѓањето на Европската Унија.

„Ова само ќе го забрза распадот на ЕУ. Проверете за четири месеци дали сум во право“, рекол тој за руската државна новинска агенција ТАСС.

Илон Маск прокоментира дека Сорос ја презел Унгарија.

Челниците на ЕУ му честитаа на Маѓар за победата која ја слават и американските демократи.

Хилари Клинтон и Венко Филипче го поздравија поразот на Орбан и оценија дека паднал автократски и недемократски режим.

Како еден систем е автократски и недемократски ако луѓето можат да го сменат со слободно, фер и демократско гласање?

Пронајдете не на следниве мрежи: