Мајката го фрлила својот син со инвалидитет на крокодили! Се скарала со сопругот за детето: Телото било пронајдено со страшни повреди

Мајка од Индија го фрлила својот шестгодишен инвалид син во река полна со крокодили!Савитри Кумар (26) од Утара Канада во индиската држава Карнатака претходно имала жестока расправија со нејзиниот сопруг Рави Кумар (27) кој наводно со години и’ велел да се ослободи од детето. Од полицијата велат дека нејзиниот сопруг од почетокот бил против нејзината одлука да роди инвалидско дете.„Тајмс оф Индија“ пишува дека двојката повторно се расправала за нивниот син во саботата и дека вознемирената Савитри потоа го фрлила момчето во канал за отпад што се влева во реката Кали преполна со крокодили.Соседите повикале полиција, која ангажирала нуркачи да трагаат по момчето, но темнината им ја попречила работата. Потрагата продолжила во неделата наутро, а телото на детето било пронајдено со видливи траги од каснување. На момчето му недостасувала рака, што покажува дека го нападнале повеќе крокодили.Двојката е уапсена додека била наредена обдукција за да се утврди точната причина за смртта на шестгодишното дете.Двојката има и двегодишен син.

Пронајдете не на следниве мрежи: